Од денеска, па до 21 октомври во ПСУ „Јахја Кемал” во Скопје ќе се одржи Европското хибридно првенство за деца и младинци, во организација на македонската Шаховска федерација.
Вкупно 30 претставници во категории до 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години за момчиња и девојчиња ќе ја претставуваат Северна Македонија и ќе се натпреваруваат со своите врсници од Европа.
Предводник на македонските играчи и главен координатор на настанот е Бојана Бејатовиќ.