Првата награда за новинарство „Дафне Каруана Галиција“ ја доби групата новинари зад „Проектот Пегаз“, истражувањето за шпионскиот софтвер од израелската групација НСО, преку кој се прислушкувале новинари, активисти и политички дисиденти.
Во истражувачкиот проект учествуваа новинари од 16 различни медиуми кои податоците ги добиле од „Амнести Интернешнал“ и парсиската невладина медиумска организација „Забранети приказни“. Тие утврдија широка злоупотреба на хакерскиот софтвер „Пегаз“ од страна на авторитарни власти низ светот.
Наградата ја доделува Европскиот Парламент и го носи името на Дафне Каруана Галиција, истражувачката новинарка која беше убиена во напад со автомобил-бомба на 16-ти октомври 2017 година.
Признанието се доделува за „врвно новинарство кое промовира и ги брани вредностите и принципите на ЕУ – човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и човековите права“.
За наградата одлучува жири комисија составена од претставници на медиумски или граѓански организации од сите 27 земји членки на ЕУ.