Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 9 лица. Починале 4 лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 лица од Велес (86г и 74г) и по едно лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г).
„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови“, се додава со соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа се потврдени 413 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 205 случаи во Скопје, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Гостивар, Берово и Пехчево.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 137, Куманово – 27, Штип – 20, Битола – 14, Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12, Велес – 11, Тетово – 9, Прилеп – 8, Крива Паланка – 7, Охрид – 6, Виница – 5, Гевгелија и Струмица – по 4, Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3, Демир Хисар и Крушево – по 2 и по 1 од Пробиштип и Радовиш.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.025 тестови.