Седдумина активисти за демократија, вклучително и поранешни пратеници денеска беа осудени на затворски казни до 1 година поради нивната улога во протестите минатата година против Законот за национална безбедност воведен од Кина, јавува „Ал Џазира“.
Седумтемина активисти се изјаснија за виновни за обвиненијата што вклучуваат организација на неовластен собир на 1 јули минатата година, кога илјадници демонстранти излегоа на улиците.
Полицијата која ги забрани демонстрациите поради Ковид-19 ограничувањата, тогаш ги растера демонстрантите со солзавец и водени топови.
Меѓу активистите беа Фиго Чан, поранешен водач на распуштениот Граѓански фронт за човекови права, Цанг Кин-шинг и Танг Саи-лаи од Лигата на социјалдемократите, поранешниот окружен советник Енди Чуи и поранешните законодавци Ву Чи-ваи, Еди Чу и Леунг Квок-хунг.
Чан доби затворска казна од 1 година, додека на другите им беше изречена казна од 6 до 10 месеци.
Пекинг на 30 јуни минатата година наметна Закон за национална безбедност како одговор на широко распространетите антивладини протести во 2019 година. Законот, подготвен од Кина меѓудругото предвидува казнување за субверзија, отцепување и тероризам.
Протестот се одржа веќе следниот ден, кога законот веќе беше стапен во сила.