Протестите против измените на Законот за абортус беа неопходни, ако одевме само по институционалниот пат, мислам дека немаше да го свртиме вниманието на македонската јавноста за опасноста од кратењето на женските права, вели Даниел Калајџиески од ХЕРА. Законот за планирање на бременоста беше изгласан пред два месеци. На ова му претходеа бројни протести и инсистирање од страна на невладиниот сектор прво да се отвори дебата, а потоа да се носат измените.
„Кај нас не се сфаќа придобивката од вклучувањето на граѓаните при носење вакви закони, па оттука се прашувам, дали воопшто некој сакаше да ги вклучи граѓаните или само сакаше да го подметнете законот“, вели Калајџиески за Радио МОФ.
Целиот разговор може да го погледнете во видеото.