Висока статуа која прикажува женска глава со показалецот на усните, е поставена во долниот дел на Менхетен покрај реката Хадсон, повикувајќи ја хаотичната метропола да застане и да слуша, пренесува Индепендент.
„Водата, кога се движи, прави посебен звук, многу посебен“, рече шпанскиот уметник Жаума Пленса.
Пораката на неговото најголемо дело досега, високо 24 метри е: „Да молчиме, да ја слушаме длабоката врева од водата што зборува со нас“, рече тој во интервју.
Неодамна кога Пленса го виде парчето целосно склопено за прв пат, неговиот повик за тишина се натпреваруваше со дим од дизел мотори од блискиот железнички терминал, татнежот на хеликоптерите и плачот и смеата на децата што се возеа во колички покрај речните патеки. Но, тоа не се звуците кон кои неговите уметнички дела се насочени.
„Зборувам за вревата на информации и пораки до нас“, рече тој.
Отсликувајќи вистински модел чија слика беше скенирана, делото е направено од полиестерска смола, фиберглас и мермерна прашина во студиото во Барселона на Пленса и испратено во 23 контејнери, секој долг 12 метри, до местото Џерси Сити за склопување.
Неговите дела главно ги прикажуваат жените, вели тој, затоа што ги гледа животот и светот како женски, додека „момчињата се само несреќа – многу убава несреќа, но несреќа“.