Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе отвори сопствена платформа за социјални медиуми наречена „Вистина“, пренесува Ројтерс. За неа вели дека „ќе им се спротивстави на големите технолошки компании“ како Твитер и Фејсбук кои му забранија да ги користи нивните платформи.
Платформата ќе биде создадена преку нова компанија формирана со спојување на Trump Media and Technology Group и Special acquisition company, се вели во соопштението од двете организации.
„Живееме во свет каде Талибанците имаат огромно присуство на Твитер, но вашиот омилен американски претседател е замолчен. Ова е неприфатливо “, рече Трамп во писмената изјава вклучена во соопштението.
Посочи дека апликацијата е основана со мисија да им даде глас на сите.
Социјалната мрежа, поставена за бета-лансирање следниот месец и целосна реализација во првиот квартал на 2022 година, е првата од трите фази во плановите на компанијата, проследена со претплата за видео наречена TMTG+ која ќе содржи забава, вести и подкасти, според соопштението.
Твитер, Фејсбук и другите платформи за социјални медиуми му забранија на Трамп да ги користи нивните услуги откако стотици негови приврзаници се побунија во Американскиот Конгрес на САД на 6 јануари.
Тој протест дојде по говорот на Трамп, во кој тој тврдеше дека неговиот пораз на изборите во ноември се должи на широката измама, тврдење што го отфрлија повеќе судови и државни изборни службеници.