Неколку германски еколошки групи побараа итен прекин на сите летови на кратки реалции низ целата земја, до оддалеченост од 600 километри, до кои може да се стигне со воз, пренесува „Н1“.
Со забраната ќе се заштеди повеќе од милион тони јаглерод диоксид годишно и ќе се обезбеди поголема заштита на климата, посочија групите во повикот до новата германска влада.
„Половина од сите домашни германски летови веќе може да се заменат со патувања со воз до четири часа, заштедувајќи 1.6 милион тони CO2 годишно“, рече Вернер Рех од германската еколошка група БУНД.
Во ова барање е вклучена и групата Робин Вуд, Федералната асоцијација против бучава на авионите и други регионални групи.
„Сосема е несфатливо зошто воопшто се дозволени летови на кратки релации, со оглед на климатската криза“, рече Рех.
Владата што доаѓа треба да постави курс за поатрактивен и поевтин железнички транспорт, велат еколошките групи.