Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
За политичарите во кампањата за локалните избори како да не постои Ковид-19. И покрај тоа што на сила и понатаму се мерките за задолжително носење на заштитна маска во секој вид затворен простор, функционерите и кандидатите за градоначалници изминатиов период се изнасликаа на средби со граѓани или партиски состаноци како грубо ја кршат оваа законска обврска.
Иако највлијателните партии поголемите настани во кампањата генерално ги водеа на отворено, а често и успеваа да ги заобиколуваат законските ограничувања со тоа што дел од средбите со граѓаните ги правеа во угостителски објекти, каде маските не се задолжителни, сепак јавноста на социјалните мрежи може да забележи огромен број прекршувања на ковид-мерките.
Од ракувања и гушкања со граѓани, или пак предизборни спотови каде никој не носи маска, до маалски средби и посети на разни културно уметнички друштва, индустриски објекти или пак здруженија на граѓани во затворен простор, каде политичарите не носат маски. Дел од овие собири се организирани и во училишта, што е дополнителен проблем, со оглед на сторгите протоколи за физичка настава. Да не зборуваме за ТВ дуелите каде кандидатите без никаква заштита најчесто беа притеснети на неколку десетина сантиметри оддалеченост во телевизиските студија.
Наместо да бидат пример за тоа како граѓаните треба да се однесуваат во пандемијата со коронавирусот, тие доста често, преку прекршување на оваа мерка, директно го доведуваа во ризик и сопственото, но и јавното здравје при овие предизборни средби.
Иако кај сите партии може да се најдат примери како ги прекршуваат овие мерки, сепак мора да се забележи дека највисоките функционери и кандидати за градоначалници од албанскиот политички блок многу помалку водеа сметка за овие правила на однесување, па така на нивните профили на социјалните мрежи многу почесто можат да се најдат фотографии од средби со граѓани во затворен простор без маски, или пак од масовни митинзи во спортски сали каде најголем дел од присутните се незаштитени.
СДСМ својата кампања внимаваше да биде што е можно повеќе на отворен простор. И иако најголем дел од нивните собири се правеа на плоштадите и улиците низ градовите, сепак, по фејсбук профилите на нивните функционери и кандидати за градоначалници можат да се најдат купишта фотографии на кои не се носат маски при маалски собири со граѓани, посета на фабрики, претпријатија, доставување пропаганден материјал во куќи и згради и слични активности.
На денот на изборите, пак, во централниот штаб, највисоките функционери на бината, меѓу кои и министерот за здравство, Венко Филипче, излегоа без маски на лицата, а премиерот Зоран Заев одржа говор за членството и симпатизерите. Единствени кои беа заштитени на таа сцена беа младите партиски активисти кои стоеја во позадина.
ВМРО-ДПМНЕ исто така внимаваше на локациите каде што ги држеа своите предизборни настани. Да, најголемиот дел од нив беа на отворено, а бројни активности без маски беа направени и во ресторани и кафулиња, но не се ретки ниту фотографии од кандидати за градоначалници, или пак високи функционери кои без маски во затворено тераат кампања.
Во преполната прес сала во партиското седиште, на вечерта на изборите, партискиот лидер Христијан Мицкоски, со кандидатите за градоначалници од Скопје веднаш зад него, пресконференцијата ја држеа без маски. Дополнително, при листање на партиските профили на социјалните мрежи, пред само неколку дена во седиштето на партијата се одржа средба со коалиционите партнери, каде освен неколку исклучоци, никој друг не носи маска.
ДУИ имаше бројни предизборни настани на отворен простор, но не мал број од митинзите сепак се одржаа во спортски сали, културни домови или општински затворени простории. Иако на некои од фотографиите дел од раководството на партијата може да се забележи со маски, на поголем дел од ваквите средби маските се сепак ставени во нивните џебови.
Една, навистина сликовита фотографија, на која наидовме на социјалните мрежи е онаа од партискиот митинг во Гостивар. Во првиот ред се политичарите и функционерите без маски, во позадината граѓаните кои, сепак, мудро се чуваат од коронавирусот со заштита на лицата.
Истовремено, при локалните средби на нивните кандидати за градоначалници можат да се забележат голем број фотографии на кои во мали простории се наоѓаат голем број луѓе без маски.
На профилите на социјалните мрежи на Алијансата за Албанците и Алтернатива претежно мерките не се почитуваа при масовните митинзи во спортски сали, каде водечките функционери на коалицијата, сместени во првите редови, не носеа заштитни маски.
За БЕСА, и нивниот лидер и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами, само последниве денови можат да се најдат бројни фотографии каде во партиски штабови или при посета на некои објекти буквално никој не ја почитува обврската за носење маски во затворен простор.
На фотографиите на социјалните мрежи на Левица предводниците на партијата често ги вадеа маските кога го правеа нивниот заштитен знак после речиси секој митинг – селфито со граѓаните. Проблемот е што голем дел од овие средби беа во затворени простори.
Според мерките кои се на сила во моментов, секое лице на територијата на Република Северна Македонија задолжително треба да носи заштита на лицето во текот на престојот надвор од својот дом во затворени простории.
„Секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија задолжително треба да носи лична заштита на лицето согласно член 5 став 1 точка 1. од оваа одлука при излегување надвор од својот дом (живеалиште и/или престојувалиште) и тоа при движење во затворени објекти, особено при движење на јавни места и површини од затворен тип (во установи од областа на образованието, во установи од областа на згрижување на деца, во установи од областа на културата, при возење во патничко моторно возило со лице/лица со кое/кои што не живее во заедничко домаќинство и други површини од затворен тип), на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, трговски центри, уплатно – исплатни места, молови, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично)“, стои во Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за заштита на населението од Ковид-19.
Исклучок од овие забрани е дозволен само при спортување, при седење во угостителски објект, при возење во приватно возило или престој во двор со лица со кои се живее во заедница, или доколку лицето има специфична здравствена состојба.
Даниел Евросимоски
-
[Foto] Maskat në ambiente të mbyllura: Të detyrueshme për qytetarët, kur-si për politikanët
22/10/2021 – 12:50 LAJME QYTETARË
Për politikanët në fushatën e zgjedhjeve lokale duket se nuk ka Covid-19. Përkundër faktit se masat për mbajtjen e detyrueshme të maskës mbrojtëse në çdo lloj hapësire të mbyllur janë ende në fuqi, zyrtarët dhe kandidatët për kryetarë komunash në periudhën e kaluar në takime me qytetarë apo në mbledhje partiake janë paraqitur, se si shkelin rënde këtij detyrim ligjor.
Ndonëse partitë më me ndikim në përgjithësi ngjarjet kryesore të fushatës i zhvilluan në të hapur, dhe shpeshherë arritën të anashkalojnë kufizimet ligjore duke zhvilluar disa nga takimet me qytetarët në objekte hotelerie, ku maskat nuk janë të detyrueshme, sërish publiku në rrjetet sociale mund të vërejë një numër të madh të shkeljeve të masave për COVID.
Nga shtrëngimi i duarve dhe përqafimi i qytetarëve, apo videot parazgjedhore ku askush nuk mban maskë, tek takimet e lagjeve dhe vizitat në shoqëri të ndryshme kulturore e artistike, objekte industriale apo shoqata qytetare në ambiente të mbyllura, ku politikanët nuk mbajnë maska. Një pjesë e këtyre tubimeve organizohen edhe nëpër shkolla, gjë që përbën një problem shtesë, duke pasur parasysh protokollet e rrepta për edukimin fizik. Pa folur për duelet televizive ku kandidatët pa asnjë mbrojtje zakonisht ngjisheshin në disa dhjetëra centimetra distancë nëpër studiot televizive.
Në vend që të jenë shembull sesi qytetarët duhet të sillen në pandeminë e korona virusit, ata shpesh, duke shkelur këtë masë, kanë rrezikuar drejtpërdrejt shëndetin edhe të tyre dhe të publikut gjatë këtyre takimeve parazgjedhore.
Edhe pse mund të gjenden shembuj të të gjitha këtyre partive që shkelin këto masa, duhet theksuar se zyrtarët më të lartë dhe kandidatët për kryetar komune nga blloku politik shqiptar u kushtuan shumë më pak rëndësi këtyre rregullave të sjelljes, kështu që në profilet e tyre në rrjetet sociale shumë më shpesh mund të gjenden foto nga takimet me qytetarët në ambiente të mbyllura pa maska, apo nga tubimet masive në palestrat ku shumica e të pranishmëve janë të pambrojtur.
LSDM-ja u kujdes që fushata e saj të jetë në hapësirë sa më të hapur. Ndonëse shumica e tubimeve të tyre janë bërë nëpër sheshet dhe rrugët e qyteteve, megjithatë, në profilet e tyre në Facebook të zyrtarëve dhe kandidatëve për kryetarë komunash, mund të gjesh grumbuj fotosh që nuk mbajnë maska gjatë tubimeve nëpër lagjet me qytetarët, vizitat në fabrika, ndërmarrje, shpërndarje të materialeve propagandistike nëpër shtëpi dhe ndërtesa dhe aktivitete të ngjashme.
Ditën e zgjedhjeve, në selinë qendrore, zyrtarët më të lartë në skenë, përfshirë ministrin e Shëndetësisë, Venko Filipçe, dolën pa maska, ndërsa kryeministri Zoran Zaev mbajti fjalim për anëtarësinë dhe simpatizuesit. Të vetmit që mbroheshin në atë skenë ishin aktivistët e rinj të partisë që qëndronin në prapavijë.
VMRO-DPMNE i kushtoi vëmendje edhe lokacioneve ku i mbajti manifestimet e tyre parazgjedhore. Po, shumica e tyre ishin jashtë, dhe në restorante dhe kafene kryheshin aktivitete të shumta pa maska, por nuk janë të rralla rastet që të ketë edhe foto të kandidatëve për kryetar komune, apo zyrtarëve të lartë që bëjnë fushatë në ambiente të mbyllura pa maska.
Në sallën e mbushur me njerëz në selinë e partisë, në natën e zgjedhjeve, kryetari i partisë Hristijan Mickoski, me kandidatët për kryetarë të komunave nga Shkupi, konferencën për media e mbajti pa maska. Krahas kësaj, gjatë listimit të profileve partiake në rrjetet sociale, vetëm pak ditë më parë është zhvilluar një takim me partnerët e koalicionit në selinë e partisë, ku përveç disa përjashtimeve, askush tjetër nuk mbante maska.
BDI ka pasur shumë ngjarje parazgjedhore në të hapur, por jo pak tubime janë mbajtur ende në salla sportive, qendra kulturore apo lokale të mbyllura komunale. Ndonëse në disa nga fotot shihet një pjesë e kryesisë së partisë me maska, në shumicën e takimeve të tilla maskat janë ende në xhepat e tyre.
Një fotografi vërtetë piktoreske që kemi hasur në rrjetet sociale është ajo nga tubimi i partisë në Gostivar. Në radhën e parë janë politikanët dhe zyrtarët pa maska, në radhën e dytë qytetarët të cilët megjithatë, ruhen me mençuri nga koronavirusi me mbrojtje në fytyrë.
Në të njëjtën kohë, gjatë takimeve lokale të kandidatëve të tyre për kryetarë komune, shihet një numër i madh fotografish ku shihet një numër i madh i njerëzve pa maska në dhoma të vogla.
Në profilet e rrjeteve sociale të Aleancës për Shqiptarët dhe Alternativën, masat kryesisht nuk u respektuan gjatë tubimeve masive në sallat sportive, ku drejtuesit e koalicionit, të vendosur në rreshtat e parë, nuk mbanin maska mbrojtëse.
Për BESA-n, liderin e tyre dhe kandidatin për kryetar të Tetovës, Bilall Kasami, vetëm ditëve të fundit mund të gjenden fotografi të shumta ku në selitë e partisë apo kur vizitojnë disa objekte, fjalë për fjalë askush nuk e respekton detyrimin për të mbajtur maska në ambiente të mbyllura.
Në fotot në rrjetet sociale të Levicës, krerët e partisë shpeshherë i hiqnin maskat kur thuajse pas çdo tubimi bënin shenjën e tyre mbrojtëse – selfie me qytetarët. Problemi është se shumë nga këto takime janë mbajtur në ambiente të mbyllura.
Sipas masave në fuqi për momentin, çdo person në territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut duhet të mbajë mbrojtje në fytyrë gjatë qëndrimit jashtë shtëpisë së tij në hapësira të mbyllura.
“Çdo person fizik vendor apo i huaj në territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut dertyrimisht duhet të mbajë mbrojtje përsoanle të fytyrës në pajtim me nenin 5 paragrafi 1 pika 1. të këtij vendimi me rastin e daljes nga shtëpia (vendbanimi dhe/ose qëndrimi) dhe atë gjatë lëvizjes në ambiente të mbyllura, sidomos kur lëvizni në vende publike dhe ambiente të mbyllura (në institucione të fushës së arsimit, në institucione të fushës së kujdesit ndaj fëmijëve, në institucione të fushës së kulturës, kur drejtoni automjetin motorik me person/persona i cili/të cilët nuk banojnë në një familje të përbashkët dhe zona të tjera të tipit të mbyllur), në tregje, në transport publik dhe kur hyjnë në ambiente të brendshme të operatorëve të cilët për shkak të natyrës së veprimtarisë së tyre janë vendtakim për më shumë persona (institucionet shtetërore, qendrat tregtare, pikat e pagesës – qendrat, tregjet, dyqanet, bankat, zyrat postare, dhomat e pritjes, institucionet shëndetësore etj.), thuhet në Vendimin për rekomandime parandaluese, masa të përkohshme, protokolle të qëllimshme, mjedise, plane dhe algoritme për mbrojtjen e popullatës nga Covid-19.
Përjashtim nga këto ndalime ka vetëm kur luani sport, uleni në restorant, drejtoni një automjet privat ose gjatë qëndrimi në oborr me njerëz me të cilët jetohet në komunitet, ose nëse personi ka një gjendje të caktuar shëndetësore.
Daniel Evrosimoski