Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од февруари 2020 година до мај годинава најверојатно починале околу 115.000 здравствени работници од Ковид-19, поради што е исклучително важно тие да имаат приоритет кога станува збор за вакцинацијата, пренесува „Н1“.
„Основата на секој здравствен систем се неговите вработени. Ковид-19 ни покажа колку се потпираме на нив и колку сме ранливи кога оние кои го штитат нашето здравје не се заштитени“, рече претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој наведе дека, според податоците од 119 земји, во просек двајца од пет здравствени работници се целосно вакцинирани на светско ниво.
Во Африка, секој десетти здравствен работник е целосно вакциниран, додека во повеќето земји со високи приходи вакцинирани се повеќе од 80 отсто, рече Гебрејесус.