Од понеделник ќе почне да функционира новата линија „29“ која ќе сообраќа од Жданец, преку Трнодол до Карпош 3, односно „Сити мол“ и обратно, информираше денеска Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).
„Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје. Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“, стои во соопштението на ЈСП.
Оттаму додаваат дека автобусите ќе се движат по улиците „Жданец“, па до влезот на Трнодол, па по улица „Козле“, булевар „8 Септември“, булевар „Партизански одреди“ до крајната станица во Карпош 3 и обратно, по истата траса.
Возениот ред на линијата е:
– од Жданец: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 10 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 16 ч и 17 ч.
– од Карпош 3: 6.30 ч, 7.30 ч, 9 ч, 11 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 15 ч, 16.30 ч и 17.30 ч.