Професорот Ијан Чејмберс ќе одржи свое предавање на тема „Рабови на историјата: Медитеранот како лабораторија на модерноста“, кое ќе се одржи на 27 октомври, со почеток во 19 часот во Музејот на современата уметност.
Чејмберс преку својот интердисциплинарен и интеркултурен приод активно работи на популарните музика и култура (metropolitan cultures).
Последно освежување по оваа истражувачка линија е серијата на пост-колонијални анализи на облиците на модерниот Медитеран. Помеѓу неговите последни текстови се “Mediterranean Crossings. The Politics of an Interrupted Modernity“ (2008), “Postcolonial Interruptions, Unauthorised Modernities“ (2017), “Mediterraneo Blues“ (2020), и со Марта Кариел “La Questione Mediterranea“ (2019).
По пензионирањето од Ориентале Универзитетот во Неапол, Италија, каде што бил ангажиран на повеќе предмети во областа на Културни студии, сега работи како независен автор и критичар, а активен е и на својот блог.
Во своето илустративно предавање, Ијан Чејмберс ќе се обиде да предложи поинакво доживување на Медитеранот и модерноста, кое се измолкнува на западното оградување.
„Преку однос кон мапите, и правото да се објасни и дефинира како пракси на моќ, Чејмберс сугерира дека историите и културите впишани во современите мигрантски тела реотвараат збир на архиви кои укажуваат на колонијалното востоличување на сегашноста. Бележејќи преку музика и визуелна уметност како форми на критички јазик, предавањето ќе се се одвива по линии на распуштање на разбирањето за Медитеранот, со ултимативно барање смисла преку доближување до Балканот, денес“, објаснуваат од Критичко преиспитување на правото.
За време на настанот, задолжително е почитување на мерките за заштита од ковид 19.