Британскиот натуралист Дејвид Атенборо денеска ги предупреди светските лидери дека ќе биде предоцна за справување со климатските промени доколку климатскиот самит на ОН во Шкотска не успее, и рече дека побогатите нации имаат морална одговорност да дејствуваат, јавува „Ројтерс“.
Велика Британија ја означи климатската конференција КОП26 како последна шанса за забавување на порастот на температурите и се надева дека ќе ги убеди лидерите да усвојат построги климатски цели.
Атенборо за „Би-Би-Си“ изјави дека би било „навистина катастрофално“ доколку побогатите нации не успеат да ги поддржат посиромашните земји, додека времето истекува.
„Секој ден кој поминува и во кој не правиме нешто за тоа е потрошен ден. Ако не дејствуваме сега, ќе биде предоцна“, рече Атенборо.
ОН вчера соопшти дека концентрациите на стакленички гасови достигнале рекорд минатата година.
ОН: Рекордна концентрација на стакленички гасови и во 2020 година