Во октомври се навршуваат 13 години од постоењето на Десонанз Фестивал – еден од најпроминентните културни настани во Македонија.
Заради пандемиските услови, фестивалот не се одржа минатата 2020 година, па организаторите најавуваат дека овогодинешното 12-то по ред издание на Десонанз ќе се одржи виртуелно, согласно безбедносните мерки.
Онлајн програмата ќе биде распоредена во два фестивалски денови, а фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика.
Преку Јутјуб каналот Десонанз Фестивал, на 29 и 30 октомври премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на Марко Рикалоски, Филип Митров и Tears In Rain.