Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 495 нови случаи на Ковид-19 при направени 4.145 тестови. 13 лица починале, а 308 пациенти оздравеле.
Новите случаи се забележани во: Скопје – 228, Кавадарци – 30, Велес – 27, Битола – 24, Штип – 21, Прилеп – 20, Куманово – 17, Крива Паланка – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Кичево, Гевгелија и Берово – по 10, Неготино – 7, Охрид и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4, Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3, Струмица, Виница, Кратово, Богданци и Дојран – по 2, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
„Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 81г и 86г), 2 починати лица од Куманово (63г и 74г) и по едно починато лице од Прилеп (98г), Битола (61г), Велес (36г), Кавадарци (73г), Охрид (69г), Кочани (69г), Пробиштип (63г) и Крива Паланка (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови“, стои во соопштението од министерството.
Со ова, купната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.
Во земјата досега се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19.