Граѓанската иницијатива „8 септември“, утре (петок, 6 септември) во ГЕМ-клубот (Менада, во Старата скопска чаршија), во 10.30 часот, организира трибина „22 години од 8 септември“.
На трибината ќе се зборува за периодот и случувањата околу создавањето на Република Македонија како независна и суверена држава, но ќе се дискутира и за проблемите и предизвиците со кои се соочува и треба да се соочи државата.
Говорници на трибината ќе бидат: Владимир Милчин, Сашо Ордановски, Лидија Димова и Рамадан Рамадани.
Според најавата, целта на Иницијативата „8 септември/8 Shtatori” е преку трибината да упати јасна порака до власта и до јавноста дека Македонија не е, но треба да стане држава по мерка на граѓаните.