Франција ја забрани кампањата што ја започна Советот на Европа во борба против говор на омраза кон муслиманите, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Во изјава за телевизијата ЛЦИ, француската министерка за млади Сара Ел Хери рече дека е шокирана од кампањата на Одделот за инклузија и борба против дискриминација.
„Кампањата е против вредностите на Франција. Видеото за кампањата охрабрува носење марами. Го осудуваме ова. Франција го пренесе своето неодобрување на оваа кампања до Советот на Европа и кампањата беше откажана“, рече Ел Хаири.
Откако Франција ја откажа кампањата, Советот на Европа ги избриша сите содржини објавени на Твитер профилот на кампањата.
На Твитер профилот на Одделението за инклузија и борба против дискриминација беа објавени фотографии на жени со марами со слогани како „Слободата е во марамата“, „Убавината е во различноста како што е слободата во хиџабот“ и слично.
Уставниот суд на Франција во август годинава го одобри контроверзниот закон за „антисепаратизам“ кој беше критикуван поради маргинализирање на муслиманите во француската муслиманска заедница и наметнување ограничувања во многу аспекти од нивниот живот.