Францускиот институт во Скопје, во соработка со Француската алијанса во Битола, АЛДА Скопје, Програмата за мир на регионот Нормандија и Правниот факултет во Битола, организира еднодневна научна конференција насловена „Историја, уметност, колективна меморија и помирување“, која ќе се одржи в петок, 12 ноември 2021, во Конференциската сала на Универзитетската библиотека Свети Климент Охридски“ – Битола.
Настанот се организира со физичко присуство, но поради здравствените мерки, бројот на присутни гости во салата ќе биде ограничен на 30 лица. Семинарот ќе може да се следи и онлајн преку платформата Зум, а за да се добие линк на „Zoom“ со цел следење на конференцијата, потребна е регистрација на следниот мејл: culture@ifs.mk .
Учесници на научната конференција се експерти од земјава, од регионот и од Франција. Дел од француските панелисти е и реномираниот француски писател Оливие Гез, којшто во 2017 година ја доби значајната книжевна награда „Ренодо“ за романот „Исчезнувањето на Јозеф Менгеле“.
Настанот ќе го отворат Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, Анке Холштајн, амбасадорка на Германија, и Катица Јанева, директорка на АЛДА, а за истиот е обезбеден и симултан превод.
Во рамките на средбата, на 11 и 12 ноември, во киното „Браќа Манаки“ во Битола, ќе бидат прикажани два документарни филма на Роберт Јанкулоски, реномиран македонски уметник и професор по фотографија на Универзитетот „Еуропа Прима“, насловени „Сеќавање“ и „Манаки, приказна во слики“.
Повеќе информации за настанот на следниот ЛИНК.