Шпанскиот фотограф Антонио Арагон Ренунцио е прогласен за најдобар еко-фотограф на 2021 година за неговата фотографија насловена „Синовите на плимата“.
На неа е прикажано дете кое спие на подот на неговата куќа која во секој момент ќе се сруши уништена од крајбрежната ерозија на плажата Афидегнигба во Того. Нивоата на морето на брегот на оваа, но и на другите држави во Западна Африка продолжува да се подига и да голта се` што се наоѓа на неговиот пат. Од оваа појава се засегнати вкупно 8.000 километри брег кој се протега низ 13 држави.
Победниците на натпреварот за најдобар еколошки фотограф на годината беа прогласени на климатскиот самит КОП26. Наградите ги доделуваат невладината организација за екологија и управување со води (CIWEM) и „Water Bear“, бесплатната видео платформа посветена на иднината на нашата планета. Оваа година во конкуренција беа 7.000 фотографии од професионални и аматерски фотографи од 119 држави во светот.
Во продолжение погледнете ги сите победнички фотографии и дел од фотографиите кои влегоа во најтесната конкуренција за наградите:
Фотографии: CIWEM environmental photographer of the year award 2021