Во периодот од 15 ноември до 6 декември, со термин од 18 до 20 часот, во „Europe House Skopje“ и онлајн ќе се одржат шест серија предавања „Како до помалку ѓубре?“.
Предавањата ќе ги води Андријана Папиќ Манчева, самоука поборничка за нула отпад и поедноставено живеење.
„Преку глава ти е од ѓубрето наоколу? Ти се темни од брдото алишта и играчки по дома? Или од купот хартија што секојдневно се принта на работа? Или што пак го фрли ручекот од завчера? Полно ти е срцето што твоето училиште победи со креативното решение за рециклирани капачиња? Или што си купи џемпер што содржи 50% полиестер, 50% памук – наместо 100% полиестер? Или што совесно даде 3 батерии во замена за бесплатно кафе во стиропорна чашка? Мислиш дека неформалните собирачи повеќе ја загадуваат околината од тебе? Или дека си еко зашто одбра бамбусова наместо пластична четка за заби? Или дека ако какаото е веганско, тогаш никој не страдал за да се произведе? Или дека спасот е во рециклирањето и во биоразградливите кеси“, се вели во најавата за предавањата.
Првото предавање ќе биде на тема „Вовед: Што е нула отпад и зошто е дел од концептот на одржливост?“ Тоа ќе ги воведе слушателите во основите на нула отпад и петте златни правила како концепт, при што ќе се осврне и на циркуларната економија.
Повеќе инфо за предавањата ТУКА.