„Современост“, списанието за литература, култура и уметност „Современост“, вечерва, на 17 ноември ќе го одбележи својот јубилеј од 70 години постоење.
На настанот ќе се промовираат изданија на списанието, за кои ќе зборува главниот и одговорен уредник, македонскиот писател Стефан Марковски. Дел од редакцискиот тим на „Современост“ се и Снежана Стојчевска, Мишо Китаноски, Верица Мукоска и Никола Алтиев.
Јубилејот се поклопува и со 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, кој и самиот придонел за развојот на „Современост“. „Современост“ годинава посвети и тематски број на Конески.
На настанот ќе биде врачена наградата „Современост“ на Славчо Ковилоски, книжевен историчар и научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а ќе бидат доделени и благодарници на сите оние кои внесоа дел од својата книжевна работа во списанието и се верни поддржувачи и читатели на македонските книжевни списанија.
Првиот број на списанието „Нов ден“ излезе во 1945. Првиот број на „Современост“, директен наследник на „Нов ден“, излезе во април 1951.