Во Иран наскоро ќе биде забрането и казниво чувањето миленичиња и шетањето кучиња, јавува германската новинска агенција „ДПА“.
Медиумите наведуваат дека иранскиот парламент денеска подготвил предлог-законот за оваа намена. Според него, шетањето кучиња ќе се казнува со висока парична казна, а возилата што превезуваат кучиња ќе бидат одземени на три месеци. Покрај тоа, на сопствениците на куќи наскоро нема да им биде дозволено да ги изнајмуваат своите живеалишта на сопственици на кучиња и мачки.
Во исламот, чувањето куче во куќата се смета за „нечисто“, но свештенството во Иран зазема тврд став за сите домашни миленици. Тие исто така веруваат дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.
Неколкупати претходно имало обиди за вакви забрани, но на крајот не успевале. Сега, забраната треба да стане закон. Но, критичарите веруваат дека дури и новиот закон ќе биде игнориран од сопствениците на кучиња и мачки, исто како и претходните забрани.
Во последниве години, трендот кон поседување миленичиња значително се зголеми, со што се повеќе млади Иранци земаат кучиња и мачки како домашни миленици, особено за нивните деца.