Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 18-ти пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, традиционално се одбележува третиот четврток од месец ноември и се слави низ целиот свет, со фокус на вредноста и придобивките на филозофијата.
Годинава, централен дел на прославата ќе биде симпозиумот на тема „Филозофската мисла во Македонија“ во којшто во три блок сесии ќе земат учество единаесет реномирани филозофи, професори и истражувачи од земјата и странство (редоследно): проф. д-р Денко Скаловски, проф. д-р Мирко Ѓошевски, проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Ристо Солунчев, проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Радомир Виденовиќ, Слободан Беличански, д-р Бошко Караџов, вонреден проф. д-р Јасмина Поповска, вонреден проф. д-р Марија Тодоровска и вонреден проф. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ.
Симпозиумот „Филозофската мисла во Македонија“ се организира по повод 75 години постоење на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет (со настава на македонски јазик) и 65 години од основањето на Филозофското друштво на Македонија.
Настанот ќе се одржи на 18 ноември (четврток) преку Zoom – дигиталната платформа, со почеток во 10:00 часот. Заинтересираните за следење на симпозиумот ќе можат тоа да го сторат преку следниот ЛИНК.
Публиката ќе може да се вклучи со прашања до учесниците (во пишана форма во Q&A прозорецот на Zoom). Текот на симпозиумот, исто така, ќе може да се следи во живо (како live streaming), на ФБ страниците на Филозофски факултет – Скопје, на Институтот за филозофија и на Филозофското друштво на Македонија.