Триесет и пет медиуми во Франција вчера изразија загриженост поради зголемените закани на екстремната десница кон новинарите и ги повикаа властите да преземат акција, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Во писмото објавено во францускиот весник „Либерасион“, медиумските куќи наведуваат дека екстремни десничари во последните недели им се заканувале и навредувале новинари.
Се напоменува дека новинарите кои ги покриваат активностите на екстремната десница биле изложени на „неприфатливо“ насилство без преседан.
Исто така се наведува дека следбениците на крајната десница се обиделе да ги спречат новинарите да си ја вршат работата.
Во писмото, медиумите ја повикуваат владата и политичарите да преземат мерки и да ја бранат слободата на печатот пред претседателските избори кои ќе се одржат следниот април.