Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица. Починале 3 лица од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г).
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово(1), Струмица(1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови“, се додава во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 444 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 190 случаи во Скопје, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица – по 15, Охрид и Берово – по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип – по 10 и по 6 случаи во Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево.
Потоа, регистрирани се по 5 случаи на Ковид-19 во Крива Паланка и Кратово, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Радовиш и Пробиштип – по 2 и по 1 во Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево.
Регистрирани сe 467 оздравени пациенти, односно од Скопје – 193, Куманово – 34, Битола – 26, Тетово – 24, Штип – 23, Кавадарци – 21, Прилеп – 19, Кочани – 18, Велес – 13, Делчево, Крива Паланка и Неготино – по 11, Гевгелија – 9, Струмица – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Берово и Пробиштип – по 5, Ресен, Кичево и Кратово – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Демир Капија – 2 и по 1 од Охрид, Богданци, Крушево и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.442.544 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 2.938 тестови.