Во осум американски држави е отворена истрага на Фејсбук поради промовирање на Инстаграм пред деца и покрај тоа што компанијата била свесна за нејзината потенцијална штета, пренесува Гардијан.
Истрагата доаѓа откако Фејсбук се соочи со проверка за нејзиниот пристап до децата и адолесцентите. Документите кои неодамна протекоа од вработени, покажаа дека внатрешно истражување на компанијата забележало негативно влијание на платформата врз менталното здравје на тинејџерите.
Истрагата ќе покаже дали компанијата ги прекршила законите за заштита на корисникот и дали ги става младите луѓе во ризик. Таа ќе биде предводена од адвокатска група.
„Многу долго Мета го игнорираше хаосот дека Инстаграм го загрозува менталното здравје и благосостојба на нашите деца и тинејџери“, изјави калифорнискиот адвокат Роб Бонта.
„Доволно е доволно. Ние ја имаме преземено оваа истрага на национално ниво за да добиеме одговори за напорите на Мета за промоција на употребата на оваа социјална платформа за младите од Калифорнија и за да утврдиме ако Мета го прекршува законот“, додава тој.
Фејсбук, сега познат како Мета, не одговори веднаш за барањето за коментар.