На 26 ноември (петок) во 11 часот Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Македонското еколошко друштво (МЕД) организираат онлајн дебата насловена „Медиуската писменост во акција“.
На дебатата своето искуство ќе го пренесат средношколци и граѓански организации кои живеат во општини со заштитени подрачја, кои се здружија да решаваат различни локални проблеми, а ИКС и МЕД им помагаа како да ги користат медиумите во нивните заложби.
„Ако современиот концепт за медиумска писменост подразбира активни граѓани кои умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промени во општество, да инсистираат на поголема транспарентност и отчетност, да ги едуцираат и да ги поттикнуваат останатите граѓани, тогаш дебатата „Медиумската писменост во акција“ е настанот на кој може да видите и слушнете како тоа личи во реалноста“, велат организаторите.
На онлајн дебатата ќе дискутираат:
Стефанија Соколовиќ, член на спортското здружение „Клисура“ од Демир Капија
Марија – Магдалена Петковска Микаровска, професорка во средното училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола и иницијатор на екодвижењето „Мети си со класнето“
Марија Евтимовска, претставничка на граѓанската организација „Еко Герила“ од Преспа
Енис Доко, ученик и екоактивист од средното училиште „Нико Нестор“ од Струга
Елена Тимова, екоактивистка и студентка на Фармацевтскиот факултет од Скопје
Томе Тимов, професор во средното училиште „Димитар Влахов“ од Струмица
Модератор: Катерина Топалова
Овој настан се организира во рамки на иницијативата „Денови на медиумската писменост“ на Мрежата на медиумската писменост што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја организира трета година.
Иницијативите што ќе бидат претставени на настанот се дел од проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
За присуство на дебата, потребно е да се регистрирате на следниот ЛИНК.
Повеќе информации ТУКА.