Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека денеска била пронајдена мини-зоолошка градина во која се чувале диви животни во угостителски објект во селото Чегране.
Како што информираат од МВР, контролата ја спровеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, а акцијата била извршена по претходна наредба од Јавен обвинител.
„При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи. По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок“, велат од МВР.
Активистите за заштита на животни алармираат за шверц на лавчиња