Ракопис на Алберт Ајнштајн продаден за 11.6 милиони евра

Ракопис на познатиот физичар Алберт Ајнштајн во кој ја подготвувал својата теорија на релативност е продаден на аукција за рекордни 11.6 милиони евра во Париз, пренесува „Н1“.

Претходниот рекорд за продаден ракопис на Ајнштајн беше 2.8 милиони евра во 2018 година за писмо за Бог и 1.56 милиони долари за писмо за тајната на среќата.

Последниот продаден ракопис беше проценет на меѓу два и три милиони евра. За разлика од двата претходни рекордно продадени ракописи, овој документ беше научно дело.

Станува збор за ракопис на 54 страници напишан во 1913 и 1913 година во Цирих кој го пишувал Ајнштајн и неговиот соработник Мишел Бесо.

Аукциската куќа Кристи каде што се одржа аукцијата пред продажбата изјавила дека ваквите документи на Ајнштајн од тој период и воопшто од периодот пред 1919 година се многу ретки.