Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Починале 3 лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно лице од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови“, се додава во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 473 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 246 случаи во Скопје, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија – по 9, Валандово – 7, Берово – 6 и 5 во Штип.
Потоа, регистрирани се по 4 случаи на Ковид-19 во Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2 и по 1 во Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод.
Регистрирани сe 505 оздравени пациенти, односно од Скопје – 230, Битола – 50, Кавадарци – 32, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Прилеп, Велес и Тетово – по 16, Крива Паланка – 14, Куманово – 12, Берово – 11, Неготино – 10, Штип и Кратово – по 7, Охрид и Радовиш – по 6, Кичево, Богданци и Виница – по 5, Струмица, Валандово и Гостивар – по 4, Ресен – 3, Пробиштип – 2 и по 1 од Демир Хисар, Струга, Македонски Брод, Пехчево и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 2.708 тестови.