„Авганистанката“, девојка со впечатливи зелени очи која се појави на насловната страница на списанието Национална Географија во 1985 година, доби статус на бегалец во Италија, потврди премиерот Марио Драги.
Портретот на 12 годишната Шарбат Ѓула, паштунско сираче во бегалскиот камп на границата помеѓу Авганистан и Пакистан, била направена во 1984 година и била објавена во списанието една година подоцна. Ѓула после многу години беше пронајдена дека живее во Пакистан откако никој не го знаеше нејзиното име. Сега, во своите 40-ти години, таа пристигнала во Рим и добила бегалски статус според службата за односи со јавност на италијанскиот премиер.
„Во 1985 година, благодарение на фотографијата на Стив Мек Кари, Шарбат Ѓула доби светска слава до степен во кој ги симболизираше сите несреќи и конфликти во таа фаза на историјата на Авганистан и судбините на луѓето кои поминуваа низ тоа. Како одговор на барањата на граѓанските организации, особено оние активни во Авганистан, кои по случувањата во август добиле барање од Ѓула за напуштање на нејзината земја, премиерот се заложи и организираше нејзин трансфер во Италија во контекст на програмата на евакуација на авганистански државјани и владиниот план за нивно прифаќање и интеграција“, стои во соопштението од канцеларијата на премиерот Драги.
Си-Ен-Ен побарале информации од италијанската влада дали и семејството на Ѓула исто така добиле бегалски статус, но до објавата на текстот немале одговор.
Во 2016 година Мек Кари за овој медиум ја раскажа приказната зад оваа култна фотографија.
„Знам дека таа изгледаше неверојатно, имаше продорен поглед. Но таму имаше многу луѓе околу нас, а песокот леташе насекаде наоколу и тоа беше пред дигиталните камери, кога не можеше да се знае што ќе се случи со филмот во камерата.
Тој знаел дека фотографијата е специјална кога ја развил.
„Му ја покажав на уредникот на Национална Георграфија. Тој скокна на нозе и извика – тоа е нашата следна насловна“, додава Мек Кари.