Во 2020 година, речникот „Меријам-Вебстер“ го избра „пандемија“ за збор на годината. Годинава, одлуката се падна за зборот „вакцина“, пренесува НПР.
Издавачката компанија забележа дека зборот има особено значење и како медицински термин, но и како средство за идеолошки конфликт.
„За многумина, зборот симболизираше можно враќање на животите што ги водевме пред пандемијата“, се вели во соопштението.
„Но, исто така беше во центарот на дебатите за личниот избор, политичката припадност, професионалните регулативи, безбедноста на училиштата, нееднаквоста во здравствената заштита и многу повеќе.“
Пребарувањата за зборот „вакцина“ се зголемиле за 601% на годишно ниво споредено со 2020 година и се зголемиле за 1.048% од 2019 година.
Се забележува дека интересот за зборот е голем од почетокот на пандемијата, при што луѓето пребаруваат и дискутираат за финансирањето, развојот и дистрибуцијата на вакцините многу пред тие да бидат навистина достапни во аптеките.
Компанијата го ревидираше својот запис за зборот во мај, бидејќи вакцините против Ковид-19 предизвикуваат имунолошки одговор на сосема нов начин.
Дефиницијата порано беше: „Препарат од убиени микроорганизми, живи атенуирани организми или живи целосно вирулентни организми што се администрира за да се произведе или вештачки да се зголеми имунитетот на одредена болест“.
Сега, оваа дефиниција гласи:
1: препарат кој се администрира (како со инјектирање) за да се стимулира имунолошкиот одговор на телото против специфичен инфективен агенс или болест: како на пр.
а: антигенски препарат на типично инактивирано или атенуиран патоген агенс (како бактерија или вирус) или една од неговите компоненти или производи (како протеин или токсин)
б: препарат од генетски материјал (како што е влакно од синтетизирана гласничка РНК) што се користи од клетките на телото за да се произведе антигенска супстанција (како што е фрагмент од протеин од шилести вируси).
Во финалниот избор за збор на годината се нашле и зборовите „бунт“, „упорност“, „будење“, „инфраструктура“, „Мураја“, „цисрод“ и „Мета“. Но, тие не можеа да се натпреваруваат со „вакцина“ за првото место.