Португалскиот претседател одби да го потпише вториот предлог закон со кој се легализира евтанизијата и асистенцијата при самоубиството, пренесува „Euronews“.
Претседателот Марсело Ребело де Соса изјавил дека законот бил напишан непрецизно, па ставил вето.
Претседателот, кој е католик, претходно изразил резерва кон првиот прелог закон за легализацијата на евтаназијата.
Процесот на легализација ќе биде „замрзнат“, се’ до формирањето на новиот португалски парламент по изборите во јануари.
Дебатата за евтаназијата во Португалија трае со години. Левичарските пратеници исто така повикаа парламентот да ја дозволи асистенцијата при самоубиство, процес во кој пациентите внесуваат смртоносни лекови под медицински надзор.
Претходно годинава, Соса го прочита законот пред португалскиот Уставен суд. Судот го одби предложениот закон, бидејќи законот не бил доволно јасен.
По второто гласање, парламентарците усвоија допишана верзија од законот, но претседателот повторно го врати законот на поправка.
Според него, во законот треба појасно да бидат објаснети спротивностите, односно во кои услови евтаназијата ќе биде дозволена, иако таа се легализира само во случаи на фатална, неизлечива или сериозна болест.
„Доколку пациентите не се на смртна постела, законот ги менува португалските вредности како правото на живеење и самоопределба“, изјавил претседателот.