Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 16 лица. Починале 4 лица од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по 2 лица од Битола (33г и 86г), Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) и по едно лице од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г), Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г).
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021. Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63г, невакцинирано и починато во болнички услови“, се додава во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 333 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 154 случаи во Скопје, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6 и по 5 во Делчево и Валандово.
Потоа, регистрирани се по 4 случаи на Ковид-19 во Крива Паланка, Ресен и Кратово, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2 и по 1 во Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево.
Регистрирани сe 376 оздравени пациенти, односно од Скопје – 135, Битола – 34, Прилеп – 31, Кавадарци – 22, Кочани – 18, Велес – 16, Крива Паланка – 14, Куманово, Штип и Берово – по 12, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Тетово и Струмица – по 7, Делчево – 6, Кичево, Кратово и Богданци – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Охрид, Валандово и Македонска Каменица – по 2 и по 1 од Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.440 тестови.