По повод Денот на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и одбележување на 55 години постоење, на 6 декември, во понеделник, ќе се одржи свечен концерт во Фоајето на НУ Национална опера и балет.
Со почеток во 20 часот, ќе настапат студентите од класите на професорите Марија Муратовска Наумовска, Драган Даутовски, Зорица Каракутовска, Нинослав Димов, Марија Ѓошевска и Горан Начевски.
Истовремено, ќе се претстават и студентите од класите на професорите Весна Ѓиновска Илкова, Фросина Балова, Соња Здравкова-Џепароска, Искра Шукарова, Дарко Багески, Кристина Светиева, Сара Пројковска, Андријана Јаневска и Бобан Ковачевски.
Влезот за концертите е слободен, но заинтересираните потребно е да направат резервација на fmu@fmu.ukim.edu.mk или на телефонскиот број 3134-345, заклучно до 6 декември до 16 часот.
Од факултетот известуваат дека настаните ќе се одржуваат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.