Маја Јанковска – Чајче е избрана за извидник на годината за 2021, соопшти Сојузот на извидници. Таа е дел од извидничкиот одред „Браќа Миладиновци“ над 15 години и е дел од активностите на Сојузот.
„Таа има започнато како редовен развигорец, извидник која нема пропуштено акција и републички натпревар и освојувано доста медали и заслуги за нејзината посветеност. Во текот на нејзината извидничка кариера има посетено школа за водачи, ППЗ, школа за лидери и други обуки. Маја е млада личност на која секогаш и за се може да се наслонат луѓето, а кога станува збор за извидници никогаш нема да ви каже не. Вредна и посветена личност на која извидништвото не ѝ е хоби, туку начин на живеење“, се вели во нејзината номинација.
Од Сојузот на извидници велат дека Јанковска служи како најдобар пример за извидник, преку нејзиниот граѓански ангажман и работа во својата заедницата.
„Маја е поединец која носи различни особини и квалитети и дава несебична поддршка како на извидниците во својот одред така и во Сојуз на извидници. Добро препознаена е во СИМ како активен и посветен поединец која покажа примерна посветеност за подобрување на канцеларијата/бирото преку волонтирање, иницирање и организирање на различни акции…”, велат од Сојузот, од каде ѝ посакуваат уште многу успеси во извидништвото.