По неколкугодишна пауза, психоделичниот рокенрол состав „Foolish Green“ повторно е во погон со најава за нов албум на почетокот на 2022 година. Па, оттука, бендот на 9 декември (четврток) ќе одржи самостоен предновогодишен концерт.
Концертот ќе се случува во киното „Фросина“ во скопскиот Младински културен центар со почеток од 21 часот.
Билетите се во ограничен број и можат да се набавите на билетарата на влезот на МКЦ или онлајн преку: www.bileti.mkc.mk
Настанот ќе биде одржан согласно Ковид мерките и протоколите за заштита во затворени објекти.