По неколку месеци, македонската верзија на аудиочитачот на македонски јазик „Кико“ ја доби и својата верзија на албански јазик, по име „Хана“. Албанската верзија беше најавена на 14 јуни, кога првпат беше претставен и „Кико“.
Преку „Хана“, околу 10.000 слепи лица со мајчин албански јазик ќе добијат можност пишаниот текст да го слушаат и разберат во аудио верзија.
Истовремено, аудио-читачот ќе може да го користат и сите оние кои имаат тешкотии во учењето, дислексија и кои информациите најдобро можат да ги разбираат во аудиоформат.
Пристапот до апликацијата е едноставен. Доволно е да се пристапи на „Google Play Store“ и да се симне апликацијата „RHVoice“. Откако ќе се инсталира апликацијата RHVoice, потребно е да се одбере „албански “ на листата со јазици, потоа да се кликне „инсталирај“ веднаш до називот „Хана’.
На двете верзии од аудио читачот работел тим составен од ИТ експерти од американска компанија специјализирана за изработка на говорни синтези со искуство на изработка на вакви продукти за неколку говорни подрачја, поддржани од локален и регионален тим од филолози и лингвисти.
Дигиталната апликација-аудио читач е креирана на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите Нации, и во партнерство со Националниот сојуз на слепи лица.
Промовиран „Кико“, првиот дигитален читач на македонски за лицата со оштетен вид