На 61 отсто од медиумските работници велат дека пандемијата негативно влијаела врз менталното здравје. 42 медиумски работници останале без работа. 74 проценти од новинарите не сметаат дека состојбата ќе се промени по ковид кризата. Страв, анксиозност, депресија и неизвесност се последиците од ковид пандемијата кои ги чувствуваат 61 процент од анкентираните работници.
Ова го покажа истражување на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, правено во октомври врз 150 испитаници.
„Несоница, трауми од слики кои биле на терен, неизвесност, проблеми со здравјетo зголемен крвен притисок“ се најчестите изјави на медиумските работници кои известувале во време на кризата со ковид-19 која трае скоро две години.
На прашањето „дали сметате дека вашиот работодавец обезбедил услови да се чувстувате безбедно при ваквото известување?“, 103 медиумски работници одговориле НЕ, а речиси исто толкав број изјавиле дека не се осигурани на своето работно место во вакви услови за работа.
Медиумските работници во услови на криза и за известување во криза одговориле дека во медиумите немаат посебни протоколи за известување, тие се воделе од приниципите на начелата за пишување на Здружението на новинари, Советот за етика и биле внимателни во делот „сензација и проверени информации“.
Освен грижата за сопственото здравје медиумските работници се загрижени и за задржувањето на своето работно место. На прашањето „дали се загрижени за губење на работата? Според одговорите на испитаниците почнувајќи од оценките од 1 до 5 испитаниците одговориле:
Со оценка еден, која се однесува на највисока загриженост, одговориле 49, со оценка два – 46, со оценка три – 33, со оценка четири – 13, а само деветмина се целосно сигурни за нивното работно место во време на оваа пандемија.
Деведесет и осум испитаници од вкупно 150 од 1 до 5 одговориле дека покривањето и известувњето за пандемијата била исцрпувачка и интензивна.
Најтешко за пола од испитанците била социјалната дистанца и недружење со луѓето, бидејќи според одговорите работата и известувањето не е само додека трае работното време, туку мислите и тежината продолжува и дома кога останувате сами без можност за дружба и отргнување на мислите. Пола од нив кажале дека најголем страв при работата и известувњето за ковид е високиот ризик за зараза од вирусот.
Целата анализа на истражувањето може да се види ТУКА.