Нема казна од 2000 евра за студентите чии посетители ќе бидат затекнати во собите на студентскиот дом „Стив Наумов“ по 22 часот. Како што појаснуваат од Министерството за образование, под чија капа се студентските домови, станува збор за грешка. Оттаму потврдуваат дека спорната објава е тргната од огласната табла, а најдоцна до утре ќе биде прикачен Правилникот за однесување на студентите, кој треба да им укаже на тоа што е дозволено, а што забрането во студентскиот дом.
По низата поплаки од станарите, вчера и претседателот на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Кирил Спироски се сретна со претставници на Управата на Државниот студентски центар. Тој вели дека и нему му било потврдено дека се работи за грешка на Управата и му било ветено дека предупредувањето ќе биде отстрането.
„ Студентите може да бидат опоменати за недолично однесување, но во никој случај не смеат да им се изрекуваат вакви глоби“, смета Спироски, кој додава дека вакви грешки не смеат да се дозволат.
Инаку Правилникот за однесување во студентски дом, пропишува казна но од 200 евра во случај ако студентот го препродава леглото или ако кај него илегално престојува или спие лице кое нема добиено легло во домот.
Вчерашното предупредување дека студентите од „Стив Наумов“ ќе плаќаат по драконски казни ако по 22 часот имаат посетител во домот ги разбуди дискусиите на социјалните мрежи. Радио МОФ праша како се живее во студентските домови во другите земји. Еве дел од вчерашните реакции на Твитер.
@malaovca @RadioMOF во Анг во некои интернати само пријавуваш кај портир. Преспивање е безпари, после 4 вечери може да мрчнат но казна ретко
— Vesna (@vilievska) September 10, 2013
@imanolev @malaovca @RadioMOF Во Фр има портир ама студијата се сметаат за приватни. Ако си плаќаш не смеат да ти досаѓаат.
— Ivana Jordanovska (@JordanIva) September 10, 2013
@JordanIva @imanolev @malaovca @RadioMOF каде бе вака? Глупости. Цело време се случуваат забави а портирите ништо не ги интересира.
— Рубин Кармин (@RubinBt) September 10, 2013
@malaovca @RadioMOF Во Белград само плаќаш симболична сума за преспивање таа ноќ. Don’t ask me why I know. :)
— Ivana Jordanovska (@JordanIva) September 10, 2013
@JordanIva @malaovca @RadioMOF во Холандија немаш ограничувања. колку што се сеќавам нема ни портири.
— Kobayagi (@imanolev) September 10, 2013