Норвешката влада сака да го олесни товарот на граѓаните од зголемувањето на сметките за струја, па така, домаќинствата ќе добијат владина помош за екстремно големи сметки со тоа што ќе им биде платено половина од она што ја надминува граничната цена од 7.8 центи за киловат, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Мерката ќе стапи на сила овој месец и ќе трае до март, а премиерот Јонас Гар Стор за мерката изјави „Вонредна ситуација бара вонредни мерки“.
Според владата, ќе бидат издвоени 560 милиони долари за помош на граѓаните.
Цените на струјата значително се зголемија низ Европа во последните месеци.