Герила радио: гостин Тошо Филиповски
Во ова издание на „Герила радио“ како гостин ни беше музичкиот новинар, публицист, хроничар издавач Филиповски Тошо. Со него зборувавме за рокенрол сцената во Македонија, а воедно и го промовираше и настанот што ќе се одржи пред МКЦ, Record Store Day.
збор – звук – сила ep06
Во шестото издание на „Збор, звук, сила“ (Word Sound & Power) Регесаурус Гето Руди зборува за една мелодија родена на Јамајка, која ден-денес е актуелна и музичарите се уште ја препеваат! Најпрвин испеана е од големиот Џеки Миту, кога 60-тите почнаа да им го отстапуваат местото на 70-тите, Hot Milk Riddim, познат како Murderer, оттогаш е извор на хит песни. Снимена во Студио 1 на сер Клемент Коксон Дод, а потоа ремиксувана во реге, рабадаб, денсхол и степерс стил. Уживаме и во неколку песни од Кирил Џајковски на крајот!
збор – звук – сила ep05
Гето Руди ја отвора својата душа во ова издание на ЗЗС и зборува за своите влијанија во реге музиката. Слушаме реге од Македонија, преку Србија и Јамајка до Хаваите! За вистинските музички сладокусци!
Заедничарење E02: Нихон-Џи фестивал – од заедницата за заедницата
Во подкастот „Заедничарење“, Билјана Кочоска од организацискиот тим на „Нихон-Џи“ потврдува дека фестивалот за јапонска култура и годинава оди по принципот „од заедницата за заедницата“. Japan@mk e неформална организација, па се споиле со Здружението „3.14 Брокули”, кои излегле во пресрет за да се направи сметка за донирации преку краудфандинг сервисот ecrowd.mk.
„Ако се вратам на Japan@mk, таа произлезе од ‘Слободен софтвер’. Соработував со нив и тие ширеа слободна култура, ги едуцираа луѓето што значи слободен софтвер, како може да се шири културата без копирајтинг, без ограничувања. Така да, тоа беше еден вид антикапиталистичко движење. Во тој период организиравме настани од типот на ‘Слободно кино’ во старата ‘Точка’. Едноставно, од тоа ми дојде идејата, бидејќи отсекогаш бев љубител на јапонска култура, Аниме, се’ што е поврзано со Јапонија, традиција, технологија… Значи, идејата беше споделување на таа култура и поврзување на луѓето“, посочува Кочоска.
Seksi maalo S11Е01: Врски
Слушнете ја првата епизода од единаесеттата сезона на Секси маало.
Тема: Врски
Izdishi se ep03
Во третата епиозда на подкастот „Издиши се”, разговараме за тоа што претставува емоционална интелигенција, како се развива и кои се нејзините главни карактеристики.
Со нашата гостинка Марија од Здружението на студенти Психеско, преку едукативен разговор се обидовме да го доближиме терминот емоционална интелигенција до слушателите и да им дадеме насоки како да ја зголемат и како да ја контролираат.
Stereo Tip ep03
Во оваа епизода го коментираме ослободувањето на контроверзниот Andrew Tate , овогодишните Оскари и го коментираме блокбастерот Avatar: The Way Of Water и мега популарната тв серија The Last Of Us. Дискутираме за ChatGPT и вештачката интелигенција во образованието, употребата и потенцијалните придобивки од кордицепсите и психоделичните печурки.
Stereo Tip ep02
Слушајте ја втората епизода на Стерео Тип, во која Иван и Стефан дискутираат за подкаст драмата во Македонија , cancel culture, менталното здравје и состојбата на музиката во 2023 година.
Збор – звук – сила ep04
Четвртата епизода од емисијата за реге музика е посветена на Макс Ромео – легендарниот пејач од Јамајка
Toj ја најави својата последна турнеја – наречена „Проштална турнеја“! Со своите 78 години и 55 години интернационална кариера, Ромео ќе направи 42 концерти низ Европа. Човекот кој ја испеа есенцијалната „Chase the Devil (Out of Space)“ (провери „The Prodigy“!) во сабота настапува во Солун!
InfoTek ep05
Во новата епизода од Инфотек :Македонија има свој “Нетфликс”: Откриваме како беше создаден Gley.TV – првиот стриминг сервис кај нас.Зошто нашата публика кон претплатата сѐ уште гледа како на последна опција кога е во прашање гледањето на забавни содржини?Дознајте кои нови македонски играни содржини доаѓаат на оваа платформа Гостин во емисијата: Дарко Перушевски – сопственик и основач на Gley.MK.
Eppur Si Muove ep02
„Кое е значењето на пропагандата денес? Како во ерата на информациски бум сѐ уште немаме пристап до апсолутната вистина, а впрочем дали и таа постои?“.
Водителот Данило Крстовски зборува со Неделко Неделковски за политичката пропаганда низ призма на војната во Украина, но и глобалните разврски, моментални и историски. На сето ова, и за кое е влијанието на пропагандата врз духот на нацијата, со особен осврт врз влијанието на Црквата, и на Истокот и на Западот.
InfoTek ep04
Во оваа епизода од Инфотек, за состојбата со говорот на омраза на социјалните мрежи, каде завршува слободата на говорот, а каде започнува цензурата …За развојот на електронските комуникации и нивната достапност денеска … Ги откриваме и сите дилеми околу 5Г мрежата и влијанието врз луѓето и околината, слушнете ги сите детали во новото издание на #Инфотек! Гостин во емисијата е Стефан Јевтиќ од ИНРЕКОМ – Институт за развој на електронските комуникации.
Stereo Tip Ep01
Стерео Тип е новиот подкаст во Радио МОФ, каде што Иван и Стефан дискутираат за светот на холивудските култови и поврзаноста на славните личности со нив. Потоа се префрлаат на дискусија за културните разлики помеѓу Шведска и Македонија, пред да се навлезе во анализа на хит ТВ-шоуто Викинзи. Епизодата содржи и сегмент за некои новости од поп културата, зборувајќи за скандали на познати личности. Генерално, епизодата доловува разновидна палета на теми во светот на поп културата.
Eppur Si Muove Ep01
Автентичниот “Епур си Муове”, инспириран од интелектуалната смелост на големиот Галилеј, е студентски политолошки подкаст кој има за цел да ја разјасни и доближи политичката наука, и сѐ она што таа опфаќа, до увото на секојдневниот граѓанин. Преку вмрежувања на перцепции и размислувања на млади критички умови од областа на политологијата, правото, историјата, филозофијата, економијата, психологијата и уште ред сродни области доаѓаме до суштината на она што за некого е наука за моќта, за други уметност на владеење а за трети основа на денешното битисување.
Во секојдневната борба со квази-субјективизмот и водејќи се од идеалистичкиот порив за нескротливата објективна мисла како основна цел на здраво современо општество, домаќинот и гостите ќе ве воведат во светот на политологијата оптимистично и безрезервно, со само една премиса: критичката мисла, исто како и Земјата, сепак се врти!
Издиши се Ep02
Темата на оваа епизода е Менаџирање на стресот во секојдневниот живот.
Во втората епиозда на подкастот „Издиши се”, разговараме за стресот во секојдневниот живот како еден од главните проблеми со кои се соочуваат млдите. Со нашата гостинка Тамара Мирческа, студент на психологија ќе се обидеме да ви дадеме насоки како да се справите со стресот и како успешно да го менаџирате неговото влијание.
InfoTek Ep03
Во третата епизода се зборува за гејминг сцената во Македонија, како може да влезете во светот на видео игрите, но од онаа другата страна – зад екранот. Како да станете дизајнер на видео игри, која е иднината на гејминг индустријата и како се покажаа македонците на светската гејминг сцена…
Гостин во емисијата: Стефан Митров – основач и дел од М3ДС Game Design академијата.
InfoTek Ep02
Во втората епизода на Инфотек ги откриваме тајните на светот на вештачката интелигенција и развојот на различните алатки кои се базираат на #Ai како #ChatGPT, #Bing на Мајкрософт и Платформата на Гугл.
Гостин во подкастот е Александар Савевски, познавач и иноватор од областа на ИКТ секторот, сопственик на “Си-Маинд” – компанија која го изработи моделот базиран на вештачка интелегенција “Mila Ai”.
Со соговорникот зборуваме и за придобивките и опасностите од развојот на ваквата технологија!
Unspoken Words Ep01
Во првата епизода на подкастот Unspoken Words наречена „Лажни впечатоци, лажни информации“, Даниел и Захарија ги расчистуваат митовите во психологијата. Научи за самодијагностицирање и како од торнадото на информации поврзани со менталното здравје да го избереш правиот совет за тебе.
Авторите за емисијата велат „Unspoken Words е подкаст за ментално освестување и стекнување медиумска писменост. Со блиските, продолжи ги разговорите и одгатне се себе си и другите луѓе. Захарија и Даниел студираат психологија и отворено зборуваат за она за што често се молчи!“.
збор-звук-сила Ep03
Третото издание на емисијата „збор-звук-сила“, Гето Руди го посветува на растафаријанската жена по повод празникот 8-ми Март. Клик на линкот и уживајте во реге звуците одбрани од нашиот водител.
збор-звук-сила Ep02
Втората епизода на емисијата „збор-звук-сила“, Гето Руди ја посветува на скопската ска и реге сцена, каде во фокусот ги имаме и ги слушаме славните Суперхикс, слушаме и малку српско реге, но на крајот го слушаме и Сумак Даб, француски виолинист и уметник кој најголем дел од својата инспирација ја црпел од различни патувања во Азија и на Блискиот Исток.
70 години извидништво во Македонија
Срна Мајсторовиќ ги објаснува дел од вредностите и елементите на извидништвото. Мајсторовиќ е Комесар за програма во Сојузот на извидниците на Македонија (СИМ), кој одбележува 70 години од своето основање, што значи седум децении извидничко движење во Македонија.
Оттука, Мајсторовиќ за Ради МОФ раскажува дека оваа организација промовира мир, животни вештини и позитивни вредности, а согласно актуелните трендови постојано спроведува неформална едукација за младите, градејќи конструктивни индивидуи, кои активно придонесуваат за општествениот развој.
Издиши се EP01
Темата на првата епизода на „Издиши се” е социјализацијата на младите луѓе како еден од главните фактори за намалување на анксиозноста. Со гостинот Бојан Станков, студент на психологија, Симона ќе се обиде да ви ги доближи поблизу термините со кои секојдневно се сретнуваме. „Издиши се” ќе се потруди да даде насоки како да дојдете до посреќно секојдневие преку социјализација. Преку комуникација и дружба до многу насмевки.
збор-звук-сила EP01
Во првата епизода на емисијата „збор-звук-сила“, Гето Руди зборува за македонската реге сцена, ги одбележува родендените на доајените во реге музиката Боб Марли и Денис Браун и завршува со еден актуелен настан – европската турнеја, вклучувајќи и неколку градови од Балканот, на најпознатиот италијански реге бенд „Мелоу муд“ (Mellow Mood).
„Фигаро се разведува“ – радиодрама на студенти од ФДУ
Студенти од Факултетот за драмска уметност (ФДУ) во просториите на Радио МОФ ја изведоа и снимија радиодрамата „Фигаро се разведува“, испит по предметот Техника на глас кај вонредниот професор Никола Настоски.
Гласовите се на: Гоце Андонов, Кире Ацевски, Михаил Велков, Ана Грамосли, Наде Дојкоска, Ана Јовановска, Филип Христовски, Виктор Мирчески, Катерина Јовановиќ, Ведран Чешарек.
Infotek S01E01
Во првото издание на Инфотек, Никола зборува за укинувањето на роамингот во Западен балкан и најавата за укинување на истиот со Европската унија, како и чистките во ИТ индустријата кои како бура го зафатија овој сектор во изминативе 4-5 месеци и влијанието на развојот на АИ-вештачката интелигенција врз оваа појава.
Save Our Children ep10
Оваа епизода слушајте го Деки заедно со неговите двајца другари Пане и Дарко и неговиот дечко Ристе каде откриваат како се запознале, кои биле првите впечатоци и што било првото нешто што Деки му го рекол на Ристе при запознавањето (spoiler: it’s embarrassing).
Тие исто влегуваат во жешка дебата за тоа кој Winx карактер е секој од нив, манифестираат заедно, разговараат за социјализирање/dating како квир луѓе во Скопје, квир заедницата и фемфобијата, за која, велат тие, е релевантна во нашата заедница. На крај одговараат на прашања.
Save Our Children ep09
Во оваа епизода Деки става акцент на „Т“ од ЛГБТ и го слушаме заедно со Лео и Даниел како разменуваат мислења, ставови, искуства и вртат машки муабети.
На овој подкаст под машки муабети се подразбираат: родов идентитет, сексуалност од призма на родов идентитет, транс искуството во Македонија, дискусија за закони, транзиција, „поминување“, итн. Аудиторумот добивауникатен поглед во животите на гостите кои се наоѓаат на две различни страни од транс искуството.
Save Our Children ep08
Повторно ја имаме „token“ лезбејката на Деки на гости. Овој пат тие двајца зборуваат за нивните „симптоми“ на хомосексуалност, односно моменти низ нивниот живот додека биле „во плакарот“ кои требало да му сигнализираат дека можеби не се хетеросексуалци.
Деки спремен со неговата листа, заедно со гостинката ќе прават ретроспекција на животот пред да бидат свесни дека се хомосексуалци, т.е. ќе елаборираат на ситуации како: привлечност кон спротивниот пол, „одлучување“ некој да ти е симпатија, сојузништво кон заедницата и многу други ситуации.
Save Our Children ep07
Во основното училиште во родното место на Деки – Стојаково се исфарбала клупа во 4 бои кои наликуваат на виножито. Според луѓето таму, тоа автоматски значи ЛГБТ+ симболизам и под-итно треба да се тргне! Во online „лов на вештерки“ за пронаоѓање на „кривецот“, Деки беше посочен како „преЦедател на лгбД заедницата“ кој го спровел сето тоа за да ги „зачлени“ нивните деца во „лгбД заедницата”.
Во оваа епизода слушајте како Деки ја споделува својата страна на приказната поминувајќи низ Facebook постовите и коментарите. Тој низ анегдоти, лични ставови и аргументирања ќе проба да ви ја долови ситуацијата во која се најде и кое било влијаењето врз неговото ментално здравје.
Save Our Children ep06
Дали знаете дека постои документ насловен „Дали сум лезбејка?“ кој е колаборативен труд на повеќе жени низ светот со цел да му помогне на други жени да си ги разберат чувствата спрема други жени? – Не? Тогаш слушајте како Деки и неговата гостинка-пријателка поминуваат низ документот, ги дискутираат точките наведени, колку се поврзуваат со нив и пробуваат да ја оддучат „задолжителната хетеросексуалност“ (compulsory heterosexuality) со помош на овој документ.
Исто во текот на епизодата пријателката на Деки кажува за нејзините први искуства со жени, како (дали) бара партнери, убави искуства од состаноци и работи кои не и се допаѓаат во процесот на барање партнер.
Save Our Children ep05
Во оваа епизода Деки зборува со Tōkyō de Ville, дрег кралица од Скопје. Прво нешто со кое започнува е да објасни што претставува дрег, за луѓе кои не се запознаени со културата, но и лично сфаќање за тоа што е дрег.
Tōkyō дава внатрешни инфомации за тоа како е да си во дрег куќа, како таа се припремува за настап и секако за инспирацијата за нејзиното име.
Исто така, Tōkyō дава совети за почетнички кралици за тоа како да се започне на сцената во Македонија преку одговарање на прашања од публиката.
Save Our Children ep04
Гостин кај Деки беше Стефан Петровски кој работи во Хелсиншки комитет за човекови права, Субверзивен Фронт, менаџира со Комитет и во слободно време се занимава со reading bitches to filth, како на пример Деки :)
Во оваа епизода зборува со него за ЛГБТ+ активизам, како започнал и се што тоа вклучува. Исто така прави паралели помеѓу животот на квир личност во голем град како Скопје, за разлика од помал град како Куманово, т.е. родниот град на Стефан. Во емисијата се откриваат кои се квир места во Скопје (како Комитет) и што треба да се случи во помалите градови за да такви места постојат и таму.
Save Our Children ep03
За жал повеќето „coming out“ приказни не се совршено позитивни, па така таа и на Деки.
Во третата епизода зборувавме за не толку позитивната страна на „coming out” искуството на Деки. Тој сподели уште неколку приказни со неговото семејство и како најрелигиозниот човек во неговиот живот изреагирал на веста дека тој е хомосексуалец.
Со оваа епизода го затвараме делот за „Coming Out“ и од наредна епизода продолжуваме понатаму со други теми. Држете ги очите (и ушите) отворени бидејќи Деки ви спрема изненадување за месецот Јуни.
Save Our Children ep02
Што кажаа неговите родители? Што мислат неговите пријатели?
Во втората епизода Деки зборуваше за тоа кој му бил пристапот при „coming out” на неговите пријатели и родители. Зборуваше и за тоа што очекувал, што чувствувал и какви биле реакциите од нив во тие моменти.
Секако, бидејќи си имаме работа со Деки имаме и мало дивергирање од главната тема на епизодата. Тој успат и ќе ви раскаже за неговото прво искуство на состонок со маж, како поминало и плус како се нашол во ситуација да излезе со маж кој веќе бил во врска, т.е. да биде „homewrecker“.
Отворено со Теа S01E03
Отворено со Теа S01E02
Булингот е во фокус на втората епизода од подкастот „Отворено со Теа“, каде нашата надворешна соработничка Теодора Соколовска повторно разговара со тренерот за животни вештини, реики мајстор и професорка – Вишња Дурацоска.
„Значи, да не биде само учениците да се викнат на разговор и тука да заврши се’. Психологијата и луѓето кои работат со таква проблематика имаат механизми, начини како да им помогнат на младите. Без разлика дали се наоѓаат на ниво на жртва, или се препознале како насилник и сакаат тоа да го променат“, вели Дурацоска.
YouThink S01E03
Лажните дојави за бомби во школите периодов ги збунија средношколците, но можеби уште повеќе ги збунија сензационалистичките медиумски „бомби“ и дезинформациите што доаѓаа од дел од медиумите, а се поврзани со актуелните случувања. Ова беше изразено во текот на целата пандемија.
Младите средношколци се т.н. „дигитални домородци“, живеат на интернет, а социјалните мрежи ги „бомбардираат“ со наслови кои ги скролаат многу брзо и често ги споделуваат без да прочитаат целосно некоја вест. Па и во случај кога голем број медиуми професионално известуваат, младите врсници меѓу себе си шират дезинформации и полу-вистини, или си играат „расипан телефон“.
Од друга страна, освен што македонските средношколци живеат во време на хиперинформираност, тие живеат и во време кога медиумската писменост конечно почна да влегува во формалниот образовен систем, па затоа за сите овие прашања зборуваме со Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколците и член на УРА тимот од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Отворено со Теа S01E01
Нов подкаст со Теодора Соколовска, млада надворешна соработничка на Радио МОф.
Овој разговор со тренерот за животни вештини и реики мајстор Вишња Дурацоска има за цел да потсети за важноста на работата на себе и менталното здравје.
YouThink S01E02
Сигурно редовно наидувате со содржини и вести кои почнуваат со зборовите „СКАНДАЛОЗНО“, „ШОКАНТНО“ или „НЕВЕРОЈАТНО“. Но, единствено „шокантно“ е степенот до кој медиумите одат за да го добијат вашиот клик.
Во втората епизода од „Youthink“ подкастот зборуваме за тоа колку е опасен сензационализмот во медиумите, како да го препознаете, но и како да се заштитиме од ваквите содржини.
YouThink S01E01
📢 Нашиот нов тазе подкаст се вика #YouThink! И, планираме да тераме со него во следниот период! Нас ни „легна“ муабетот со гостинот, а ѝ се допадна и на нашата мачка, која се најде во студио додека снимавме и имаше свој мини „настап“ :)
Средношколски Фреквенции – ДУПЕР
Ни беа ДУПЕР во радио, си правевме муабети околу музиката и околу нивната работа, за идните соработки и песни. Слушаме и уживаме со нивната музика и со нетрпение ги чекаме пак кај Марија во емисија.
Save Our Children – пилот епизода
Во првата епизода Деки прво не’ воведува во подкастот зборувајќи за неговиот мотив да придонесе до креирање на безбедно место за ЛГБТ+ заедницата, инспирацијата за името и мало дивергирање (тоа е нашиот Деки): неговото искуство на протестот за (не)постапувањето на ОЈО за нападите врз ЛГБТ+ активистите организиран од Националната Мрежа против Хомофобија и Трансфобија (НМХТ).
Како дел од процесот на „Coming out“, Деки зборува за тоа како ги добил првите чувства кон истиот пол, што се му поминувало низ глава и како се справил со сето тоа за на крај да стане горд член на ЛГБТ+ заедницата.
Your Financial Coach – пилот епизода
Како да се заштеди повеќе за време на новогодишните и божиќните празници?’’ Одговорот на ова прашање не е воопшто едноставен, но е мошне корисен. Со добар план и со добро буџетирање на доходот и рационално размислување и дејствување, се постигнува се’.
Креативноста за подготвување подароци пред енормно трошење пари за скапи подароци. Храброста да се одолее на примамливите попусти и поставување приоритети. Празниците се за споделување многу љубов и поминување време со најблиските, не за расфрлање со пари.
ДишиДиши – пилот епизода
Низ подкастот ве водат Сина Блафи и Марс, две млади докторки, во потрага по одговорите кои се тешки за пронаоѓање, но вредни за испитување.
Нема тема која е off topic. Нивната цел е директно и сирово да го пренесат она што го искусуваат како young adults во нашето општество и така да постават пример кој охрабрува поставување на прашања и користење искуство и здрава логика за одговарање на истите.
Уште не знам – пилот епизода
Премиерна епизода од „Уште не знам“, подкаст со Лука Јованоски, кој во студио е заедно со Мартин Џорлев. Тие се другари од бендот „Луфтанза“, млади луѓе што „киснат“ во парк, се мотаат по гаражи, по свирки, МКЦ. Си го живеат рокенрол филмот, тотално.
Во деби подкастот зборуваат за серии, музика, за пост-панк и њу-вејв движењата, за Јоу Division, Beatles, потоа за игри, бурек… и за се’ измеѓу.
Спортски подкаст – пилот епизода
Во првото издание на „Спортски подкаст“ на Дарко Николовски и Гораст Атанасовиќ слушате за баражот на Македонија на Светското првенство во фудбал, осврт за добитникот на Златна топка, како и осврт на коло од Премиер лигата.
Средношколски фреквенции – пилот епизода
Пилот епизода од „Средношколски фреквенции, подкаст насочен кон сè она што би го интересирало еден тинејџер, а идејата на Марија Петреска (нашата водителка) е да им помогне на тинејџерите на нејзина возраст преку разговори со различни личности на различни теми.
Во првата епизода гостува Тања Брковска – life coach која одговара на прашањата што Марија ги добила од свои врсници на прашањето – „Што би сакал ти да слушнеш од еден life coach?”