Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 6 лица. Починало по едно лице од Прилеп (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г) и Охрид (55г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес (1). Починатите лица се на возраст од 77г до 85г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 298 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 145 случаи во Скопје, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5 и по 4 во Велес, Кочани и Радовиш.
Потоа, регистрирани се по 3 случаи на Ковид-19 во Крива Паланка, Виница и Валандово, Делчево и Македонска Каменица – по 2 и по 1 во Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод.
Регистрирани сe 335 оздравени пациенти, односно од Скопје – 165, Битола – 25, Кавадарци – 22, Прилеп – 15, Кочани – 12, Куманово и Охрид – по 10, Ресен и Радовиш – по 9, Велес – 8, Штип – 7, Тетово, Крива Паланка и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово – 4, Кичево -3, Гостивар, Неготино и Македонска Каменица – по 2 и по 1 од Струмица , Гевгелија, Виница, Пробиштип, Крушево , Македонски Брод и Пехчево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.512.496 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.831 тестови.