Во Младинскиот културен центар во Скопје на 24 декември (петок) од 22 часот ќе се одржи првата „GTA Skopje“ тематска журка во организација на Funky Fresh и Skopski Groove.
„Го пренесуваме звукот на GTA преку култните радио станици застапени во игрите, овој пат со фокус на San Andreas и GTA V, односно автентичниот Los Santos звук кој ќе го доловат DJ Goce и Double G“, се вели во најавата за настанот.
Организаторите потенцираат дека за журката има задолжителен дрес код: West Coast Los Santos / Gang Colours.
Инаку, „Grand Theft Auto“ (GTA) се серија на акциони-авантуристички игри, сместени во т.н. „отворен свет“. Се работи за франшиза која веќе има култен статус кај гејмерите, но играта има и пошироко влијание и стана една од најпретпознатливите и најпродаваните во историјата во целата гејминг индустријата.
Во склоп на франшизата досега беа објавени пет главни делови, а изминатава 2021 беше одбележана и со „дефинитивно издание“ – колекција преработени верзии на „GTA III“, „GTA Vice City“ и „GTA San Andreas“.