Суперхероите Спајдермен, Бетмен и Супермен во придружба на Дедо Мраз вчера се спуштија со јажина на Клиниката за детски болести, во посета на малите пациенти.
Се работи за иницијатива на волонтери од Црвениот крст на Град Скопје кои на малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пакети за претстојните празници.
Оваа акција се случува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на Град Скопје.