Во текот на претстојниот викенд па се` до 28-ми декмеври Македонската Еспорт Организација (МЕСА) организира онлајн гејминг недела.
Ќе се одржат натпреварувања во три игри и тоа: League of Legends една од најиграните игри кај младата популација со натпреварување 1 против 1 (Петок – 24.12), популарната Dota 2 со натпреварување 1 против 1 (Сабота – 25.12); и (Недела – 26.12), како и Counter-Strike:Global Offensive 2 против 2.
Следните два дена (Понеделник и Вторник 27-28.12) се одвоени за популарните македонски стримери на платформите YouTube и Twitch.tv ширум целата држава.
Од МЕСА посочуваат дека сите овие натпреварувања ќе се одвиваат онлајн и со мотото #HelpTheOthers, со цел помагање на сите оние кои им е најпотребен персонален компјутер, дали за онлајн предавања и учење или пак работа.
„За да приказната биде уште поуспешна се одлучивме овој настан со хуманитарни цели да го изведеме заедно со Донирај Компјутер и европеецот на годинава, Борче Стаменов. Како и на досегашните настани на МЕСА, борбата помеѓу играчите ќе биде пренесена во живо на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports“, додаваат од МЕСА.
Организаторите ги повикуваат учесниците и сите оние кои сакаат да се вклучат во овој настан, да помогнат со донирање користени и половни компјутери, компјутерски делови и периферија кои веќе не им се потребни, или им собираат прашина.
Повеќе информации може да најдете на Фејсбук страницата на МЕСА.