Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на коските во Охрид.
Тие повторно, на уникатен начин им ја честитаа новата година и божиќните празници на граѓаните на Северна Македонија.
Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници.