На крајот на оваа недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
1. МОФ: Над четвртина од младите сметаат дека квалитетот на живот им е влошен
Повеќе од една четвртина од младите сметаат дека квалитетот на живот им е влошен (19 %), или влошен во голема мера (8 %). Најзадоволни од квалитетот на живот се младите кои живеат во градови со од 50.000 до 100.000 жители, а најмалку задоволни се оние со 301 до 800, односно од 1.011 до 5.000 жители.
Ова се дел од резултатите од анализата што денеска ја промовираше Младинскиот образовен форум, со која се истражија и увидоа предизвиците и потребите на младите според планските региони во државата и големината и местото на живеење. Во него беа вклучени вкупно 820 млади на возраст од 15 до 29 години.
МОФ: Над четвртина од младите сметаат дека квалитетот на живот им е влошен
Лицата без документи немаат матичен број, немаат Извод од Матичната книга за родени, немаат државјанство од ниту една држава. Ова ги прави една од најмаргинализираните групи во општеството, лишена од основните човекови права. Според проценките на невладините организации се работи за околу 700 вакви лица кои живеат во земјава. Најголемиот дел од нив се Роми.
Предновогодишниот период е исполнет со возбуда, еуфорија и петарди. Токму поради тоа, решивме да направиме мал експеримент и да побараме тезги од кои може да купиме петарди, кои инаку се нелегални за продажба.
4. „Мафидонија“ или Македонија: Бегалците обесправени од системот и жртви на криумчари
„Од Авганистан сум. Гледате телевизија, знаете како е таму. Моето родно место е опасно за живот“.
Вака ја започнува својата приказна 25-годишниот Делшан, млад човек кој веќе има испишано неколку животни книги. Заминал од провинцијата Пактија во Авганистан и стигнал до Северна Македонија. Седум месеци се наоѓа во државава, од кои последните три е сместен во Центарот за баратели на азил во скопско Визбегово.
Делшан е само еден пример меѓу стотиците приказни на бегалци и мигранти врежани во Балканската рута. Иако официјално затворена, таа сè уште се користи од луѓе што бегаат од војни, или едноставно трагаат по подобар живот и егзистенција. С. Македонија најчесто ја доживуваат како транзит земја, а не конечна дестинација, па остануваат тука привремено пред да го фатат патот накај Европската Унијата.
„Мафидонија“ или Македонија: Бегалците обесправени од системот и жртви на криумчари
5. Инста(нт) вести на Радио МОФ 1.10
Да живеевме во Улцињ, ќе дочекавме 2202 година, но дотогаш тимот на Инста(нт) вести ве поздравува со последната епизода за 2022.
Погледнете ги случувањата од образование, култура, музика и општество што го одбележаа изминатиов период, презентирани од нашиот Филип.