Нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.
Преку акцијата посакаа во 2022 да влеземе со надеж за подобри денови.
„За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите“, велат од Здружението „Ретки болести-Охрид“.