Со дури шест медали се вратија македонските ученици од Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки во Дубаи.
Во новата епизода на „На час“ поразговаравме за нивниот успех и впечатоците со професорот Ламбе Барандоски од Друштвото на физичари, а во име на учесниците зборуваа младите Теона Ана Георгиевска и Марио Ванчоски.
Дискусијата е направена во рамки на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.